Спорт плус
20. September 2021 - 12:08

ШК Прилеп го победи Офершпил на светскиот првак Карлсен

Шахистите на ШК Прилеп се наjпријатното изненадување на Европскиот клупски куп што се игра во хотелот Дрим во Струга. 

Прилепчани во второто коло ја забележаа и втората победа на првенството и тоа совладувајќи го со 4,5-1,5  норвешкиот првак Офершпил за кој настапува и светскиот првак Магнус Карлсен.
Втора победа забележа и шампионот Алкалоид кој за противник го имаше српскиот клуб Рума додека порази доживејаа Асеко Гамбит и Гостивар.