Loading Video...
Фудбал
7. March 2018 - 16:07

Шкендија продолжува,Вардар без куп трофеј

Фудбалерите на Шкендија со убедлива победа против Вардар од 4-0 го заверија полуфиналето на националниот фудбалски куп каде ќе играат против Ренова, Пелистер или Академија Пандев. 

Вардар настапи со комбиниран состав и во првото полувреме успеа да ги одбие сите напади на домаќинот кој сепак во вториот дел успеа да го скрши отпорот на противникот и со хет трикот на извонредниот Ибраими и голот на Муслиу дојде до убедлива победа од 4-0 по нерешените 1-1 од првата средба во Скопје. 
Извлекувањето на полуфиналните двојки за купот е закажано за во петок во ФФМ.