Loading Video...
Фудбал
10. August 2022 - 14:52

Шкупи елиминиран од Лигата на Европа, но продолжува во Конференциската лига

Фудбалерите на Шкупи се елиминирани од Лигата на Европа, но чирчани кои настапуваа и во квалификациите за Лигата на шампионите, своето европско фудбалско лето го продолжуваат во Конференциската лига
 
Македонскиот првак Шкупи и по втор пат беше совладан од ирскиот Шамрок Роверс во втората квалификациска рунда во Лига Европа. 
 
Откако загубија во Даблин со 2-1, вчеравечер фудбалерите на Шкупи и во Скопје беа поразени, овој пат со 2-1. Головите за гостите ги постигнаа Гафни и Емаку, а во судиското дополнение Адетунџи беше стрелец на голот за Шкупи. 
 
Но, чаирчани не го завршуваат својот настап на европската сцена. Тие ќе продолжат во последната, плејоф, рунда во Конференциската Лига, преку која ќе се обидат да стигнат и до групната фаза. 
 
За тоа имаат и реални шанси бидејќи за противник ќе го имаат подобриот од двомечот меѓу косовски Балкани и Клаксвик од Фарските острови. 
 
Во истото натпреварување, 
настапува и тетовска Шкендија која во четврток ќе го одигра возвратниот натпревар од третата рунда во квалификациите против шведскиот АИК, со кого на првиот меч одигра без победник 1-1, па било каква победа тетовци би ги однел во плејоф рундата.