Џет-Сет
25. July 2016 - 21:48

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА ПОЗНАТАТА ПЕЈАЧКА: Гостин на свадба ми впери пиштол во глава

Пејачката Надица Адемов со шокантна исповед откри што и се случувало на една ромска свадба.

-Често пеам на веселби, еднаш ми се случи да ми извадат пиштол и ми се закануваа дека за никого нема да биде добро ако не ја испеам песната која ја бараа. Во тој миг ја запрев музиката и реков: ако овој човек не ја напушти веселбата, јас си одам. Тогаш го тргнаа него и веселбата си продолжи како ништо да не се случи.

Таа откри дека најголем бакшиш има добиено во Берлин за песната „Некретнине“ и дека во таа прилика во рацете имала 8.000 евра.