Живот
31. October 2018 - 23:12

Шокантна снимка од вселената: Мистериозна дамка ги излуде ловците на НЛО - НАСА намерно го направи ова!

Многумина тврдат дека оваа чудна снимка на ЈуТјуб е „преправана“ за да се скрие неидентификуван летечки објект за кој американската вселенска агенција не би сакала да се дознае.

Видеото кое е емитувано до Меѓународната вселенска станица ММС предизвика интересира на „ловците на НЛО“ поради чудната графичка аномалија.
 

Снимката која ја постави страницата "Secureteam10", еден од најпознатите канали на ЈуТјуб кој се занимава со прашањата на НЛО, покажува како на една надворешна камера се појавува „дамка“ во текот на преносот во живо на НАСА, а потоа се гледа чуден правоаголен објект како се движи.

Видеото е прегледано повеќе од 270.000 пати, а некои коментатори шпекулираа како намерно е „заматена“ за НАСА да скрие некој објект за кој не сака да се дознае.