Џет-Сет
16. September 2016 - 13:26

Шокантно признание на Дара Бубамара: Зборуваа дека сум ку*ва

Дара Бубамара реши да стави точка на сите нагаѓања во врска со разводот од сопругот Милан Кесиќ и призна дека не е во брак веќе година дена.

Во јавноста се појавија слики од Милан со девојката, па Дара реши да отвори душа и на сите да им даде до знаење дека и таа и нејзиниот поранешен сопруг имаат право на нова љубов.

-Иако на некои им звучи чудно, многу е тешко она што јас и Милан го преживуваме. Еве конечно да ставам точка на приказната и нагаѓањата. Милан и јас веќе година дена не сме во брак и секој има право да води свој живот. Па ние сме си слободни луѓе, вели Дара.

Пејачката истакнува дека со Милан останала во добри односи.

-Нам најважно ни е нашето дете и поради Коста сме во прекрасни односи и одлично функционираме. Сакам да ставам точка на приказната и за тоа дали јас или тој ме измами. Ние имаме право на нова љубов, пријатели...Тој не е јавна личност за така да го развлекуваат по весниците и сакам да го заштитам од сето тоа. Повторувам, разведени сме. Не е важно откога трае тоа, што вие е гајле...Оставете на мира, им рече Дара на српските новинари.

Пејчаката вели дека никој нема право да ја осудува, зошто е слободна жена која може да прави што сака.

-Мене нон-стоп ме споменуваат, де таква, де онаква...Зборуваа дека сум курва, а не знаат дека сум слободна и имам право да правам што сакам, налутено зборува Дара.

-Сакам да им ги затворам устите еднаш за секогаш и да ги замолам медиумите да не ми го развлекуваат семејството зошто имам дете кое треба нормално да порасне. Среќна сум и задоволна жена, синот ми е во второ одделение, подготвувам нов албум, почнуваат „Пинкови ѕвезди“ и немам време да се занимавам со глупости, заклучува популарната пејачка.

Foto Dragana Udovičić