Фудбал
26. August 2015 - 9:47

Шпанија напиша историја, пет клуба во ЛШ

Екипата на Валенсија со елиминацијата на Монако и овозможи на Шпанија за првпат да учествува со 5 екипи во ЛШ откако УЕФА ги промени правилата за елитните натпреварувања. 

Барселона како шампион на Европа директно се пласира во ЛШ а со освојувањето на Европа купот место во ЛШ обезбеди и Севиља која беше 4. во шпанското првенство. 
Поради тоа и Валенсија како петоплаирана во првенството се најде во квалификациите кои ги мина успешно. 
Покрај Барселона, Севиља и Валенсија во ЛШ ќе играат уште и Реал и Атлетико Мадрид. 
Извлекувањето на групите за ЛШ ќе се изврши во четврток во 17.45ч.