Свет
16. October 2017 - 10:29

Шпанија: Одговорот на Пуџдемон е нејасен

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон денеска даде „нејасен одговор“, изјави денеска шпанскиот министер за правда Рафаел Катала, јавија шпански медиуми.

Одговорот на Пуџдемон беше на барање на шпанскиот премиер Маријано Рахој за изјаснување - дали е прогласена независност на Каталонија или не.

За претпладнево е закажано обраќање на шпанскиот заменик премиер Сораја Саенз де Сантамарија во врска со одговорот од Каталонија.

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон не даде денеска јасен одговор дали објавил независност на Каталонија, во писмо испратено до шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Во него, тој бара два месеца одлагање на прогласувањето независност заради разговори со централната Влада на Шпанија. 

Карлес Пуџдемон

Пуџдемон, во писмото на четири страници, повикува на завршување на „репресијата над каталонскиот народ“ и на одржување состанок со шпанскиот премиер Рахој за да разговараат за состојбата во Каталонија и да постигнат договор. 

Тој наведува дека дијалогот би требало да се одвива во текот на наредните два месеца и притоа побара од шпанскиот премиер да ја стопира судската постапка против шефот на каталонската полиција.