Свет
4. December 2020 - 10:02

Шпанија размислува да воведе четири работни дена во неделата

Шпанската влада разгледува можност за воведување четиридневна работна недела, односно скреатено работно времне, за да не дојде до пад на вработеноста.

Лидерот на левичарската партија „Унидас Помедос“, Пабло Иглесијас изјави дека владата го разгледува предлогот за скратени работни часови за да го поттикне вработувањето.

Идејата за покуса работна недела може со години да се слуша ширум светот, но пандемијата на коронавирус и нејзиното влијание врз вработувањето поттикна многумина да размислуваат за економијата и општествените структури, пишува американската агенција „Блумберг“.

Многу фирми за врерме на пандемијата ги испратија вработените на принуден одмор, а некои ги отпуштија вработените.

Предлогот за промени на работната недела во Шпанија, владата ќе го претстави во рамки на социјалниот дијалог со синдикатите и здруженијата на работодавци.