Шпанската Ла Лига ќе му помогне на Црвениот крст во собирање помош за погодените од поплавите

Шпанската фудбалска Ла Лига и сите прволигашки екипи ќе му помогнат на Црвениот крст во собирањето средства за помош на погодените од силните поплави во Шпанија во кои загинаа најмалку 158 луѓе, преку кампања за време на преносите на натпреварите викендов и преку нивните сметки на социјалните платформи.
„Шпанскиот професионален фудбал се придружува на сочувството и ја изразува својата солидарност со семејствата на жртвите и исчезнатите“, соопшти попладнево Ла Лига.
Претходно Реал Мадрид објави дека има намера да соработува со Црвениот крст и да донира еден милион евра.
Откако Шпанската фудбалска федерација одложи седум натпревари во Копа дел Реј претходно оваа недела, побара од организаторите да одржат едноминутно молчење во спомен на жртвите пред почетокот на натпреварите кои ќе се играат овој викенд.
Саботниот натпревар од Ла Лига помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, како и пресметката на Виљареал со Рајо Ваљекано, се меѓу одложените натпревари бидејќи Валенсија го претвори својот стадион „Местаља‘ во центар за донирање храна и основни добра.
Ново на Сител
-

Возовите на релација Скопје - Велес - Скопје, Скопје - Битола и Жабени - Скопје нема да сообраќаат од 11 декември до 10 јуни 2026
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност, од отписот на 2.000 тони жито
-

Н1: Студентите на протестот на 28 декември собираат потписи за барање предвремени избори
-

По воведувањето на визи речиси 9.000 Турци ја напуштија Црна Гора, затворена 31 турска компанија
-

Во понеделник автобусите ќе возат по неделен ред, дежурна билетарницата кај Транспортен центар, Жичарницата нема да работи
-

УХМР: Месец ноември потопол и со тројно повеќе врнежи од просекот
-

Украински дрон погоди една од најпрепознатливите згради во Чеченија
-

Уапсени двајца разбојници кои биле барани и со потерници поради бегство од затвор
