Шпанскиот куп за Барселона
Каталонскиот гигант Барселона ја освои 30-тата јубилејна титула во шпанскиот куп откако во финалето на „Ванда метрополитано“, го прегази тимот на Севилја со 5:0 со што ја освои двојната титула во Шпанија.
За ова им е потребна само уште една победа во Ла лига, со што би се комплетирала доминацијата во Иберија, по фијаското во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани во „добиен“ двомеч од Рома.
Андрес Иниеста, во можеби еден од последните мечеви во дресот на Блауграна, постигна гол за 4:0, пред Филип Кутињо да ја потврди својата прва титула во Шпанија од пенал во 69. минута од мечот.
Ова е јубилејна 30. титула за каталонскиот гигант во Копа дел Реј, со што се убедливо најдобриот клуб во најстарото шпанско фудбалско натпреварување – Атлетик Билбао имаат 23 титули, додека Реал Мадрид „само“ 14.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море