Loading Video...
Спорт плус
8. April 2019 - 15:29

Штафетна трка на годинашниот „Виз Ер Скопскиот маратон“

На 4 мај, ќе се одржи 15-тото издание на „Скопскиот маратон“ кое и годинава ќе биде под покровителство на Делегацијата на Европската Унија, Град Скопје и Агенција за млади и спорт.
 
Откако минатата година околу 10.000 луѓе од 51 држава од целиот свет трчаа низ скопските улици на „Виз Ер Скопски маратон“  уште еднаш се покажа значењето на оваа спортска манифестација не само за главниот град туку и воопшто за нашата земја. 
 
Тркачите дојдоа претставувајќи ја сплотеноста на сите учесници и влијанието на мисијата на Виз Ер Скопскиот маратон да го зголеми значењето на спортот и здравиот начин на живеење. Тоа совршено ја отсликува и одлуката маратонот секогаш да се одржува во овој период (околу 9 мај, Денот на Европа).
 
„Иако ова е нашиот 15-ти јубилеј, ние секоја година се трудиме сѐ повеќе и повеќе да внесуваме новости. Сакаме константно да се надградуваме. Оваа година благодарение на поддршката од Делегацијата на Европската Унија се организираат и бесплатни групни тренинзи кои започнаа од 28-ми март“, изјави Кире Синадиновски директорот на Скопски маратон. 
 
Во склоп на Виз Ер Скопски маратон се одржуваат неколку трки и тоа трката од 5 километри, полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон. 
 
„Новина имаме во штафетниот маратон со наслов ‘ЕУ за спорт’. Тој вклучува 4 тркачи каде 2-ца од нив трчаат 9 километри, а останатите 12 километри, и спојот на сите е еден цел маратон. Можам да споделам дека и јас ќе трчам на штафетата, заедно со моите 3 деца, така што ќе ме видите таму. Оваа трка е за секој кој сака да се забавува, за секој кој сака да излезе од својата комфор зона и да ги надмине 5-те километри, а не е подготвен за полу-маратонот или маратонот. Со тоа таа претставува уште една патека и можност за учество во маратонот. Оваа трка е и за сите тие кои што сакаат да го почуствуваат тимскиот дух, секој кој сака да ја поддржи екипата, или да навива за заеднички успех“ ,  истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.
 
Пријавувањето за учество завршува на 22 април 2019, а самите стартни пакети ќе можат да се подигнат на 2-ри и 3-ти мај 2019 ви просториите на Парк Хотел и Спа. 
 
Заинтересираните може да се пријават кај официјалниот партнер на Виз Ер Скопски маратон https://www.smartrace.club/ или официјалниот веб сајт http://skopskimaraton.com.mk. И оваа година стартните пакети ќе бидат од eventbaxx со минимален број на принтани материјали со цел да се заштити животната средина.
 
Виз Ер Скопскиот маратон е под покровителство на Делегацијата на Европската Унија, Град Скопје и