Македонија
29. November 2022 - 16:42

Штајнмаер во прва посета на Македонија, посакува брзо зачленување во ЕУ, но не може да ветува рокови

Македонија може да стане членка на ЕУ до 2030-та но прво мора да се посвети на внатрешните реформи – Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер со порака од Скопје дека никој не може да вети рокови кога би се случило тоа. Конкретно не одговори дали е можно ново вето од Бугарија на интегративниот пат, но испрати совет акцентот да биде поставен на сегашноста и иднината, а не кон минатото.

Македонскиот претседател пак бил уверен дека ако процесот на преговори со ЕУ не биде базиран на историја, туку на реалните европски критериуми и вредности, преговорите ќе бидат завршени во реално време.

Како дел од дводневната агенда, Шатјнмаер се обрати и пред пратениците во Собранието, а оствари средва и со премиерот Ковачевски. Германскиот претседател положи цвеќе и на гробот на Гоце Делчев, а утре ќе го посети Ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Република Македонија, а својата турнеја ја продолжува во Албанија.

Видеа од Македонија