Штипски „Стипион“ го обновува возниот парк
Штипското Јавно претпријатие „Стипион“ набави нова машина, која ќе се користи за зимско одржување на улиците. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Игне Иванов на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за инвестиција на претпријатието и на Општина Штип, која чини 3.200.000 денари.
- Ова квалитетно возило ќе најде примена во зимската програма, кое ќе помогне во расчистување на снегот, а потребата од ваквото возило е и поголема поради тоа што Штип има околу 120 километри улици, а од друга страна има и околу 150 километри локални патишта, каде што ЈП „Стипион“ ги извршува услугите на овие патишта, рече Иванов.
Тој истакна дека новите возила кои се набавени во текот на минатата и оваа година ќе бидат сместени во објектот во Новакова чешма, кој е добиен од страна на АРМ. Завршен е и тендерот за асфалтирање на пристапниот пат до објектот, а наредните месеци ќе се доопремува овој простор, каде што ќе се преселат механизацијата и вработените во ЈП „Стипион“. Иванов истакна дека за една година набавени се вкупно четири нови возила, меѓу кои и за одржување на уличното осветлување, која е нова дејност на ова претпријатие.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море