Македонија
7. April 2021 - 21:17

Што бараат партиите да се смени околу методологијата за одложениот попис?

Дијаспората ќе се евидентира како бројка при пописот битна за миграцијата или ќе влезе во вкупното население на државата. Ова е клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за која работните групи на партиите деновиве ќе седнат на заедничка маса. Статистичката операција е одложена за септември, а тоа остава простор за измени во метологијата која всушност е подзаконски акт.

За опозицијата попишувањето на населението мора да се биде согласно стандардите на Европската унија, но и на Обединетите нации за резидентно население. 

За власта, пописот и тековната методологија се согласно стандардите на Евростат, но во име на политичкиот дијалог ќе се разговара за барањата.

За разлика од македонскиот блок, алабанскиот блок  воопшто не прифаќа некакви измени на методологијата.

Според политичкиот договор Заев-Мицкоски теренскиот дел од пописот наместо во април ќе се спроведе од 5 до 30 септември. Дијаспората ќе се попишува во целиот меѓупериод, а резултатите од досегашното електронско попишување ќе се признаат.