Бизнис
26. May 2021 - 16:47

Што ќе донесе одлуката на Уставен за Еуростандард банката - експертите велат штедачите се безбедни

Штедачите да не се плашат. И економистите и правниците велат дека нивните заштеди до 30.000 евра се безбедни во банките, а Фондот за осигурување депозити стабилен и може, ако биде потребно, да врши исплата.

Вчера Уставниот суд одлучи да ја укине одредбата од законот со која во случај на стечај од стечајната маса приоритет за обештетување имаше Фондот за осигурување депозити кој пак ги обештетува влоговите до 30.000 евра. Претставката до Уставен суд ја поднесоа штедачите од Еуростандард банка кои не беа досега обештетни. Нивниот адвокат вели дека одлуката на Усваниот суд мора да важи за нив, а не како што се толку дека ќе важи за идни случаи.

Владата го задолжи МФ за 15 дена да подготви измени во законот за банки за да се пополни правниот вакум  и да с еобезбеди еднаква заштита на штедачите согласно европската регулатива. Економисите велат да се внимава при подготовката на законот за да се избегнуваат слични ситуации.

Од НБРМ велат дека вчерашната одлука а Уставниот суд нема врска со стабилноста на банкарскиот систем, во него клучните параметри се стабилни.