Македонија
21. January 2016 - 17:20

Што мислат младите за новите 5 проекти кои вчера ги промовираше претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави нови пет проекти наменети за подобрување на животниот стандард младите. Првиот проект, како што посочи, е бесплатен железнички викенд за млади до 27 години секоја прва и трета недела од месецот, мерка која ќе стартува во март оваа година.

Втората мерка која што ја најави Груевски е бесплатна обука за основни компјутерски вештини за млади до 29 години.

Мерките за млади ќе ги опфатат и студентите, со тоа што во петте државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип ќе бидат изградени перални и сушални. Почетокот на реализацијата на овој проект е предвиден за јануари 2017 година.

Груевски најави и изградба на нови читални во Струмица, Велес и скопската општина Аеродром.

Претседателот на владејачката партија најави дека од октомври оваа година ќе започне и изградбата на фитнес зони во 18 градови низ Македонија. Плановите се проектот да се реализира преку Агенцијата за млади и спорт во соработка со општините, за што ќе бидат издвоени одредени зони во градските јадра каде ќе бидат поставени соодветни спортски направи за одвивање на финтес активности. Проектот ќе започне да се реализира  од октомври.

Младите задоволни од најновите мерки на владата.Тие велат дека ваквите проекти многу ќе помогнат во подобрувањето на нивниот стандарт.

Министерството за образование и наука ќе ги поддржи сите проекти со кои се подобрува животот на сите млади во Македонија.

Во изминатите месец и половина беа реализирани четири многу значајни проекти за младите, во кои што влегуваат Купи куќа за млади до 35 години и бесплатен превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата, на сите линии.

Средношколска среда со кој се обезбедија бесплатни билети за театрите, музеите, кината и бесплатен превоз на жичарницата на Водно за средношколците, а студентите на најдобро рангираните универзитети кои имаат просек повисок од 9,5 и се пред дипломирање, Владата ќе им обезбеди бесплатно патување во една од атрактивните дестинации- Париз, Венеција и Барселона.