Свет
13. September 2016 - 11:07

Што може да попречи да се исполнат договорите меѓу Русија и САД за сириската криза

Објавувајќи ги резултатите од женевските преговори, и државниот секретар на САД, Џон Кери, и шефот на руското министерство за надворешни работи, Сергеј Лавров, избраа максимално претпазливи формулации. И двајцата на неколку пати ја истакнаа резервираноста дека одржувањето на примирјето не зависи само од Вашингтон и Москва. Таа воздражност на министрите може лесно да биде сфатена ако се сетиме колку играчи се вмешани во конфликтот и колку различни се нивните интереси.

Главниот проблем е што ниту Русија, ниту САД можат целосно да се доверат на своите сојузници во ситуацијата во сирската криза. За Москва тоа се владата во Дамаск и неговиот главен спонзор Иран. За Вашингтон - силите на таканаречената умерена опозиција, која до последен момент одбива да се одделат од исламските радикали, како и од водечките сунитски држави во регионот Саудиска Арабија и Турција, кои ги поддржуваат антивладините формации.

Целта на Башар ал Асад и на Техеран не е само да се справат со војната, туку и да ја добијат. Ако за Русија сирискиот конфликт до голема мера останува секундарен и не ги засега нејзините живтони интереси, за Иран тоа е еден од главните фронтови во глобалното и бесконечното непријателство меѓу шиитскиот и сунитскиот клон во исламот. И кога благодарените на Воздушно-космичките сили на Русија балансот на силите почна да се менува во корист на владата во Дамаск, и Техеран го искористи предизвикот максимално да го достигнат својот успех. На пример, да воспостават целосна контрола врз Алепо, клучниот град во Северна Сирија.

Приврзениците на војната до последен момент не се радуваат од ситуацијата дека примирјето фактички ќе ја прекине блокадата врз квартови од Алепо кои се контролирани од опозицијата, и кои владините сили толку тешко ги напаѓаат. „Јастребите“ во Дамаск и Техеран нема отворено да и се спротивставуваат на Русија, бидејќи зависат од резултатите од нејзината авијација. НО тие се целосно во состојба да се обидат да го саботираат мировниот договор.

Тие обди можат да се покажат уште поуспешни ако од другата страна на линијата на фронтот исто има повеќе противници на примирјето. На прво место тоа се радикалните исламистички групации, чија цел воопшто не е хуманитарната пауза и доставата на животни намирници во опседнатите градови, туку рушењето на „алавитскиот режим“ на Асад и воспоставувањето на сунитско управување во цела Сирија. Како што призна Џон Кери, со некои неконтрлирани групи се поврзани и многу изданоци на „умерената опозиција“, на кои се потпираат САД. Државнниот сектера побара од „умерените“ да решат со кого се - со „борците на џихадот“ или со антитерористичката коалиција. Но не е сигурно дали тој повик ќе биде слушнат.

Земјите од Персискиот Залив од каде доаѓа помошта за опозициските ограноци, исто се на штрек заради можното политичко решение во Сирија. Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ и други сунитски монархии стравуваат дека во услови на долгорочно примирје, ситуацијата ќе се сврти кон делумно легитимирање на режимот на Асад во очите на меѓународната заедница - како минимум во преодниот период кој може да се продолжи неограничено долго. Односно ќе пропадне целата досегашна стратегија на Ријад и неговите сојузници. Суштината на таа стратегија се сведува на постепено задушување на Дамаск, искористувајќи го тоа што претседателот Асад се потпира на ограничени ресурси - како човечки (првенствено на неговите истоверци алавити), така и финансиски. Сега излегува дека Башар ал Асад опстои. Дури и дека во последните месеци значително си ги зацврстил позициите на фронтот, што ќе биде фиксирано со примирјето, ако истото се одржи.

На тој начин Русија и САД остануваат скоро единствените сили кои се стремат кон можно најбрзо сопирање на огнот во Сирија и преминување кон политичкото преуредување на земјата. А многу од регионалните играчи имаат своја гледна точка по тоа прашање. Освен тоа, тие не чувствуваат неопходност да ја забрзаат ситуацијата за да може Џон Кери да ликува пред претседателските избори во САД во ноември за миротворните успеси во Сирија.