Што се прави со осветената вода од Водици?
Празникот Богојавление Водици е еден од 12-те големи Господови празници во текот на годината. Празник кога на црквата и се објавува Бог, Света Троица. На овој празник во црквата и црковните храмови ширум Македонија и светот се слави крштевањето Господово а се осветуваат и водите. Богојавленската вода црковно гледано е наречена голема светиња и како таква има посебна улога во животот на верниците во текот на целата година. Отец Кирил Фидански, старешина во црквата „Свети Јован“ во Бутел, го објаснува значењето на оваа голема светиња како и нејзината намена и начин на чување.
- Во црквата постои богојавленска вода, тоа е вода која ја црпиме еднаш во годината и тоа за празникот Богојавление - Водици. Специфичноста на оваа вода е во тоа што таа се собира единствено за празникот Богојавление - Водици. Оваа вода има посебна употреба, односно во молитвите кои се читаат за чинот на осветувањето за големиот богојавленски водосвет слушаме дека црквата таму се моли таа вода да биде за измивање, за очистување, за исцеление на болните, за утешување на нажалените, да има чудотворна сила. Освен тоа што со богојавленската вода се попрскуваме самите себе, ги попрскуваме и нашите домови, животните и се околу нас, оваа вода се употребува дури и на земјата каде што газиме, Богојавленска вода се употребува и за причестување на душите и телото, објаснува отец Кирил Фидански.
Отец Кирил укажува на важноста од светата богојавленска вода и вели, дека е должност на сите православни христијани да црпат вода од местото каде се служи богојавленскиот водосвет.
- Богојавленската вода не смее да се фрла. Таа може да стои и повеќе години. Тоа се случува поради тоа што водата добива благодатни својства кои за нас се невидливи и неразбирливи, но всушност ја потврдува нејзината светост. Поради ова, ние како православни христијани должни сме на празникот Богојавление - Водици да црпеме вода од местото каде се служи богојавленскиот водосвет, да ја однесме во своите домови и да ја чуваме и употребуваме таа вода, додава отец Кирил Фидански.
Иако богојавленската вода не смее да се фрла, сепак од самото стоење таа може да се расипе, и како што објаснува отец Кирил, доколку забележиме позеленување на богојавленската вода поради предолго стоење, во тој случај треба да ја истуриме на место каде што се движат луѓе или во почвата каде е засадено некое растение.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален