Македонија
2. August 2017 - 12:11

Шумски пожар во општина Зрновци

Во општина Зрновци претпладнето избувна голем шумски пожар во месноста Трнавца мегу населените места Видовиште и Теранци. Во пожарот е зафатена голема површина од нискостеблеста шума со смрека. Огените јазици со голема брзина се шират кон манастирот „Света Петка“ на  планината Плачковица и постои опасност од пожарот да биде зафатена  дабова и букова шума.

Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека во гаснењето на пожарот  се вклучени вработените во Јавното комунално претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, како и Кочанската теритроријална противпожарна единица сио две возила и месносто население.

- За гасенење на пожарпт кој од члас во час земна се поголем замав, помош побарав и од републичкиот  Центар за управување со кризи,од каде што ми е ветена помош со ангажирање на хеликоптер за гаснење на пожарот, изјави Станков.

Бидејки се работи за непристапен терен, истакнува Станков и гаснењето на пожарот и негово локализирање се одвива мошне бавно.

Според кажувањата на очевидци кои први го забележале пожарот во месноста Трнавца кај каналот за наводнување мегу селата Видовиште и Теранци, пожарот бил предизвикан од невнимание на човечки фактор.