Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда поради Хандке
Шведската лекарка и писателка Кристина Доктаре, која ја доби Нобеловата награда за мир во 1988 година како членка на мировните сили на ОН, синоќа изјави дека ќе ја врати наградата во знак на протест поради синоќшното доделување на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке.
Швеѓанката како лекарка на ОН во 1992 година прва проговори за систематските силувања за време на војната во Босна и Херцеговина и укажала што се случува.
Синоќа таа се обрати пред стотици лица собрани во Стокхолм во знак на протест против одлуката на Шведската академија да го врачи признанието на Австриецот, кој за време на војните во поранешна Југославија го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ и кој отворено негоира дека во Сребреница се случил геноцид.
– Му честиташе и му ја даде наградата. Сега својата ја враќам…сега својата јас ќе ја вратам, изјави таа пред насобраните, покажувајќи го медалот в рака. Насобраните гласно и аплаудираа и го извикуваа нејзиното име.
Таа се присети на војните на Балканот, од каде известувала и укажувала на злосторствата кои се случуваат. Таа зборуваше за смрдеата на распаднатите тела и ужасите на кои сведочела.
– Додека сум жива ќе сведочам за вистината за ужасната војна никогаш да не биде негирана, потенцираше нобеловката Доктаре.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право