Сијарто: Се надеваме дека одлуката за Северен тек 2 не е политичка
– Одлуката за сертифицирање на „Северен тек 2“ треба да се заснова на правилата на ЕУ и професионален пристап, а не на политички проценки, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Има многу јасни европски правила кои треба да се спроведат. Проблемот, според мене, е што одлуката во овој случај ќе биде донесена врз основа на политички, а не на професионални размислувања. Со ‘Северен тек 2’, проблемот е ист како и со ‘Спутник В’ – се разгледува од политичка гледна точка. Уште еднаш нагласувам: за нас како мала европска земја без сопствен извор на енергија, ова никогаш не било политичко прашање, туку прашање на енергетска безбедност, рече Сијарто во интервју за агенцијата ТАСС.
Тој изрази надеж дека „германските и европските власти ќе одлучат за ова прашање врз основа на професионалноста и важечките правила“.
Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ беше целосно завршена на 10 септември 2021 година.
За да може гасоводот да биде пуштен во употреба, „Северен тек 2“ треба да биде регистриран како независен транспортен оператор. На 16 ноември 2021 година, германската Федерална агенција за мрежа ја суспендираше сертификацијата поради организациски и правни проблеми. Регулаторот наведе дека процесот ќе продолжи кога компанијата, со седиште во швајцарскиот град Цуг, ќе ги пренесе основните средства поврзани со германскиот сегмент на германската подружница.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право