-->
-->
Сијарто: Унгарија ќе се бори Македонија да почне преговори со ЕУ, го поддржува ВМРО-ДПМНЕ на изборите
-->
Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, денеска од Брисел упати силна поддршка на македонските евро-атлантски интеграции, најавувајќи дека Унгарија ќе се бори во европската арена за покренување на преговорите за членство на земјата во Европската унија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Сијарто исто така посочи дека за претстојните парламентарни избори во Република Македонија, Унгарија и голем број земји-членки на ЕУ очекуваат дека македонскиот народ ќе му даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, како, според него, партија со јасно изразена проевропска и проатлантска ориентација.
- Ние се восхитуваме на ефикасноста на македонската Влада и на македонскиот народ, истакна Сијарто во изјава за МИА по денешната средба на Советот за надворешни работи на Унијата, посветена на изброот на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Според шефот на унгарската дипломатија, Македонија се развива многу рапидно и постигнувањата и изведбите во однос не европската интеграција на земјата „се нешто што Унгарија многу го цени и почитува“.
- Ако зависеше само од нас, пристапните преговори досега веќе ќе беа започнати со Македонија. Со оглед на тоа што ние сме соседска земја на регионот на Западниот Балкан, знаеме дека тензиите во овој регион ќе бидат најбрзо надминати само со интеграција во ЕУ. А, вие тоа го заслужувате и ние ќе се бориме во европската арена за покренување на преговорите за членство на Македонија, дециден е Сијарто.
Министерот за надворешни работи на Унгарија, исто така, посочи дека за Будимпешта, но и за голем број други членки на Еворпската унија, многу е јасна желбата и очекувањата од претстојните парламентарни избори во Република Македонија, што ќе се одржат на 11 декември.
- Што се однесува до изборите во земјата, со голема радост можам да кажам дека ги поддржувам политичките сили што се за проевропска и проатлантска интеграција на земјата. ВМРО-ДПМНЕ е токму таква партија и ние се надеваме, не само како унгарска Влада, туку и исто така и како владејачка партија „Фидеш“ во Унгарија, дека Македонија ќе гласа за продожување на европскиот и трансатлантски пат. Тоа е еднакво на она за што се залага ВМРО, посочи Сијарто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со Ахим Штајнер, администратор на УНДП
-
Тошковски: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции, дигитализација на процесите за модерна и ефикасна полиција
-
Во гаража во Белград пронајдено поголемо количество оружје
-
Либански власти: Повеќе од 31.000 луѓе преминале во Сирија во изминатите два дена
-
Вооружен грабеж на комбе со пари во близина на Атина
-
Комисија на Претставничкиот дом: За обидот за атентат врз Трамп виновна е Тајната служба, а не локалната полиција
-
Бајден ги покани лидерите на 50 земји на состанок на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина
-
Дел од Карпош утре без струја