Loading Video...
Фудбал
20. November 2021 - 18:10

Силекс втор пат сезонава подобар од Вардар

Дуелот на повеќекратните македонски прваци Вардар и Силекс кои сега настапуваат во второлигашката конкуренцијна заврши со победа на гостите со 2-1. 
 
На средбата од 11.коло на запанната конкуренција, одиграна на теренот „Перат Милошевски“ крај ФФМ, гостите од Кратово поведоа со погодокот на Арсим Љамалари  во 20.минута. 
 
Само седум минути подоцна Вардар преку Филип Петров го израмни резултатот. 
 
Во вториот дел двете екипи се обидуваа да стигнат до втор погодот, а тоа им успеа на кратовци во втората минута ос судискиото дополнение (92), кога по една брза контра Благоја Спиркоски го совлада вардаровиот голман и ги постави конечните 2-1 за Силекс. 
 
За Силекс ова беше 10-тата победа во единаесетте средби во кои има и еден нерешен исход, па Кратовци се неприкосновен лидер на табелата сега со 31 бод, дури 9 повеќе од второпласираната екипа на Воска, а 11 повеќе од Вардар кој остана на третото место.