Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди денеска североисточен Иран, јави државната телевизија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Санган, во близина на границата со Авганистан, на длабочина од само осум километри.

Регионалните служби за вонредни состојби соопштија дека била погодена голема област, но нема извештаи за жртви и штети.