Свет
24. October 2021 - 8:32

Силен земјотрес го погоди Тајван

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтер го погоди денеска Тајван, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 40 километри.

Засега не е познато дали земјотресот предизвикал материјална штета и дали има повредени.