Loading Video...
Балкан
22. March 2020 - 14:24

Силен земјотрес од 5,5 по Рихтер го погоди Загреб - повеќе лица се затрупани - оштетени голем број објекти

Три силни земјотреси утринава го погодија Загреб. Првиот со јачина од 5,5, вториот 5 степени, веднаш потоа уште еден послаб потрес.

Едно девојче од 15 години е во критична состојба,  лекарите се борат за нејзиниот живот. Спасувачките служби  соопштија дека има потечко и полесно повредени, а има и затрупани луге.  Војската е на улиците. Во центарот на градот има рушевини,  а некои квартови останаа без струја и вода. 

Најмногу страдаа страите зданија, мегу кои и катедралите. Надзорните камери ја забежија силината на потресот  во црквите, на улиците и домовите.

Препораките на валдата се граганите да останат надвор, но на пропишаното растојание од два метра поради  корона вирусот од кој досега во Хрватска се заразени 258 луге. Не се исклуќуваат и другуи потреси во следнуиов период.

Епицентарот  на најсилниот потрес е е лоциран 16 км северно од Загреб , со длабочина од 10 км. Ова е најсилен земјотрес  во Хрватска во последниве 140 години.