Свет
18. July 2017 - 10:43

Силен земјотрес во северниот дел на Тихи Океан

Силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северниот дел на Тихи Океан, на подрачјето помеѓу Алеутските Острови и руска Камчатка, соопшти Американскиот геолошки завод.

За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета.

Американскиот Пацифички центар за алармирање од цунами издаде предупредување дека земјотресот може да предизвика појава на цунами на подрачје од 300 километри.