Силјановска Давкова: Наместо да се зголемуваат пензиите, пензионерите секој месец се разочаруваат од помалите примања
Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес оствари средба со пензионерското друштво во Гевгелија.
При самата средба проф. д-р Гордана Силјановска Давкова се осврна на секојдневните проблеми со кои се соочуваат пензионерите откако СДСМ дојде на власт.
Наместо да се зголемуваат пензиите како што беше ветено, пензионерите секој месец се разочаруваат од помалите примања. Наместо да уживаат во плодовите на својата долгогодишна работа гледаат како нивните деца ги напуштаат родните огништа, наместо обезбедена здравствена заштита за која плаќале цел работен век секој месец мака мачат да дојдат до лекови на рецепт, нагласи проф. д-р Гордана Силјановска Давкова.
Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова потсети дека власта треба да одговори до кај е случајот со фондот за пензиско – инвалидско, кој го започнаа храбро поради несогласувања со коалициониот партнер работата се врати на почеток, и сега граѓаните не знаат ништо кој е виновен за овој скандал за кој имаат право да знаат што се случува со нивните пари. Епилог од овој скандал мора да има.
Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со пензионерите утврдија на средбата дека оваа неправда мора да ја исправиме сите заедно, да ги натераме и оваа и сите идни власти да обезбедат достоинствен живот за сите граѓани вклучително и за пензионерите.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок