Македонија
7. July 2018 - 18:47

Силно невреме проследено со град и пороен дожд ја погоди Струмица

Пороен дожд проследен со силен ветер и град  попладнево го зафати струмичкиот регион.  Врнежите кои траеа само петанесетина минути беа доволни да им создадат сериозни проблеми на жителите од регионот.  Во Струмица се поплавени две улици , а во селото Муртино дел од локалниот пат кој поминува низ центарот на селото и води кон Банско буквално беше под вода. Поради преполните одводни канали водата се прелеа на коловозот, а од таму во дел од околните дворови. Жителите во чии дворови почна да се прелава  водата со пумпи за наводнување се обидуваа да го испумпаат вишокот на вода кој поради малиот   капаците на каналите повторно се врати назад. Револтирани и исплашени да не им се повтори сликата од пред неколку години кога скоро целото село беше под вода, а домовите полавени несакаа да  говорат пред камера, но велат дека нешто мора да се преземе и да се најде решение. Стравуваат ако  повторно дојде до ист таков пороен дожд водата од дворовите повторно  ке ги поплави и домовите .  Освен во Муртино поројниот дожд направи проблеми и во селото Сачево, а според кажувањата на земјоделците големи штети има и во полето посебно на посевите на отворено кои се  сериозно оштетени , од градот кој го зафати овој дел од струмичката котлина. Екипи на ЈП Комуналец  попладнево излегоа  на терен и работат на расчистување на поплавените делови во градот и населените места.