Балкан
23. јуни 2019 - 17:14

Силно невреме во Зеница, маж загина од удар на гром

Гром усмрти 39-годишен маж во местото Краљевина, над одморалиштето Сметови во Зеница, БиХ. Трагедијата се случила околу 13 часот, кога несреќниот човек, кој бил на лов, бил погоден од гром.

Тој бил во друштво на четворица мажи, кога громот удрил во мотор.

Во Зеница денеска имаше силно невреме, а обилните врнежи и градот им предизвикаа проблеми на граѓаните и оставија последици.