Силувана жена во Прилеп
А.Р. (31) од Прилеп пријавила дека ја силувало непознато машко лице, соопшти полицијата.
Немилиот настан се случил завчера вечерта, откако се враќала дома, во три часот по полноќ.
Според А.Р., непознатото лице управувало возило со битолски регистарски ознаки кога ја пресретнало на улицата „11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе. Таа се вознемирила и му рекла да си оди по што продолжила пеш кон нејзиниот дом. Сторителот повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре, се упатил кон периферијата на градот и извршил обљуба. Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција.
Над оштетената бил извршен општ и гинеколошки преглед.
Полициската станица - Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите