Loading Video...
Тенис
27. September 2020 - 15:56

Симева и Србљак победници на државниот шампионат на Македонија

 
 
На терените на ТК „Југ“ во Скопје, денеска се одиграа финалните мечеви на македонското државно тениско првенство. 
 
Тенисерите на ТК „Тенис парк“Александра Симева и Горазд Србљак беа поуспешни од играчите на ТК „Југ“Ива Кузмановска и Калин Ивановски.
 
Кај дамите триумф на Симева која во финалниот меч во два сета со 7-5 и 6-1 ја победни Кузмановска, со што Симева ја одбрани шампионската титула освоена минатата година. 
 
Во машкото финале иако Србљак го загуби првиот сет со 3-6 во дуелот со Ивановски сепак во следните два успеа да направи пресврт, па откако ги доби со 6-3 и 6-4 со конечни 2:1 во сетови се радуваше на шампионскиот трофеј.
 
За Србљак ова е четврта шампионска „круна“  во низа македонски државен првак.