Македонија
17. јуни 2021 - 17:18

Син го избоде својот татко, 48-годишникот им подлегна на повредите

Вчера во село Вранешница, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода 25-годишниот А.К., поради сомнение дека околу 20:30 часот во семејниот дом со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко, 48-годишниот Ј.К. кој подоцна како последица од повредите, починал.

По преземени мерки било утврдено дека на случајот му претходела расправија и физичка пресметка во која Ј.К. со ловечка пушка му се заканил на А.К..

За случајот е запознаен Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

При увидот, од просториите каде престојувал Ј.К. биле подигнати ловечка пушка бокерица калибар 12х70 со 2 патрони во цевка, ловечки карабин со оптички нишан калибар 7,9мм, кутија со 13 патрони 12х70 и кутија со 10 парчиња боева муниција 7,9мм.

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.