Бизнис
19. May 2020 - 16:42

Синдикатите и Хелсиншки бараат измени во третиот пакет економски мерки

Наместо еднократни дарови, пакетот мерки требаше да содржи системски промени за општетството погодено од кризата да стане посолидарно. Хелиснишкиот комитет заедно со неколку синдикални организации реагираат на мерките кои Владата ги промовираше викендов и велат дека нивните предлози не влегле во пакетот.

Спорна е мерката со која работниците што останеле без работа ќе добиваат државна помош само два месеци, велат тоа е малку.

Поголема плата за сите здравствени работници, а не само тие што се опфатени со пакетот, е уште едно од барањата на синдикалците. Сметаат дека 20% и само два месеци не е доволно за луѓето кои беа во првата борбена линија.

Проблем е и тоа што платежни картички ќе добијат само невработените и лицата со плата под 15.000. Кризата ги намали платите на многу работници, затоа мерката треба да се смени.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и денеска повтори дека овој пакет треба да помогне за ревитализација на економија, да ја подобри куповната моќ на населението и да ја зголеми потрошувачката на домашни стоки и услуги. Најави дека поддршката нема да застане со овие мерки.

До следниот пакет мерки, Хелсиншки и синдикатите очекуваат овој да биде сменет исто како што по нивната реакција беше сменета одлуката државна помош да добиваат фирмите ко ќе отпуштат до 15% од работниците.

Новиот пакет мерки треба да опфати 730.000 граѓани и чини 355 милиони евра. Вкупната државна интервенција досега изнесува половина милијарда евра или 5,5% од БДП.