Бизнис
1. May 2021 - 19:45

Синдикатите поделени и за 1 мај

Синдикалците поделени за денот на трудот. Едните пред Влада, другите пред зградата на ССМ. Поради пандемијата први мај го одбележаа без маршеви и со почитување на мерките за заштита. Иако разединети, сепак имаат слични барања - поголеми права на работниците, но  различни ставови зошто не се обединети за денот на работникот. 

Сепак во едно се сложуваат овој први мај е најтежок за нив со многу изгубени работни места поради пандемијата.

Синдикатите бараат нов закон за работни односи скроен по европските регулативи,  повисоки плати, продолжено породилно отсуство, договорите на определно до максимум една година, недела да биде неработен ден, а на оној кој ќе работи да му се плати, подобри услови и безбедност на работниците. Сепак КСС и КСОМ денот на трудот го искористија да објаснат зошто тие како синдикати треба да станат репрезентативни.

Повеќе синдикални организации меѓу кои и синдикатот на медиуми, на културни, текстилните работници, хелсиншкиот комитет, освен подобри услови за работа,  апелираа и до државните институции брзо и ефикасно да реагираат за да се спречат злоупотреби на работничките права.  

Инаку ова е втора година по ред како први мај се одбележува во услови на пандемија. Поради ковид кризата за една година над 16 илјади работници ги загубија работните места, а вкупната бројка на невработени се зголеми за 50 илјади.