Балкан
27. December 2017 - 21:23

Сирија: Ердоган поддржува тероризам

Сириското Министерството за надворешни работи денеска го обвини претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган дека поддржува тероризам и има „најголема одговорност“ за крвопролевањето во Сирија. Обвинувањето уследи откако Ердоган го нарече сирискиот претседател „терорист“

Ердоган за време на посетата на Тунис истакна дека Асад е терористи и не треба да биде дел од иднината на Сирија по конфликтот. 

- Асад е терорист, кој вршува државен тероризам. Невозможно е да се продолжи напред со Асад. Како можеме да планираме иднина со сириски претседател, кој убил речиси милион граѓани, посочи Ердоган.

Во реакцијата на сириското Министерство за надворешни работи се истакнува и дека Ердоган понудил „неограничена поддршка“ за сите видови „терористички групи“.

За сириската Влада терористи се сите вооружени групи, вклучително и опозицијата.