Свет
21. October 2016 - 9:10

Сириска армија: Ќе го собориме секој турски авион во нашиот воздушен простор

Сириската армија соопшти дека ќе го собори секој турски авион што би влегол во воздушниот простор над Сирија. Тоа е одговор на воздушните напади што Турција ги изврши претходно на север во Сирија.

– На кој било обид на турските авиони уште еднаш да го повредат сирискиот воздушен простор ќе биде возвратено и тие ќе бидат соборени со сите достапни средства, соопшти Командата на сириската армија.