Свет
31. December 2016 - 11:32

Сириските бунтовници најавија прекин на примирјето доколку продолжат нападите

Сириските бунтовници соопштија денеска дека ќе го поништат примирјето, доколку владините сили со нивните сојузници продолжат да го прекршуваат. 

- Продолжението на насилството и бомбардирањето, како и нападите врз областите што се под контрола на опозициските фракции ќе го поништат договорот за примирјето, се наведува во соопштението на неколку бунтовнички групи. 

Судири и воздушни напади се случуваат во одредени области откако договорот за примирјето стапи во сила, тврдат бунтовниците.