СИРИЗА: Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери
Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ, коментираат попладнево од прес-центарот на грчката опозициска партија СИРИЗА, по најавата на премиерот Зоран Заев за предвремени парламентарни избори, jави дописничката на МИА од Атина.
-Случувањата во Северна Македонија ја потврдуваат неодговорноста на европските лидери и недостигот на кредибилитетот на ЕУ. По отфрлањето на почеток на пристапни за Северна Македонија и објавување предвремени избори, некои во Грција, кои бесмислено зборуваа за штетен договор и за трампа со европејците, наскоро ќе молат да не биде избрана нивната братска партија ВМРО и да се стави во опасност Договорот од Преспа, коментираат од СИРИЗА.
Со соопштение излезе и Грчко решение, малата десничарски ориентирана партија која што е дел од грчкиот Парламент, во кое велат дека по изјавата на Заев и ветото од Франција произлегуваат неколку заклучоци меѓу кои и дека „СИРИЗА и НД го отстапија името Македонија, а ЕУ ја спаси честа“, дека договорот од Преспа се поништува, но и дека „Скопјаните одржаа лекција по демократија“ со изборите. Од партијата бараат да се одржи лидерска средба во Грција околу Договорот од Преспа.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо