Македонија
19. November 2019 - 18:10

СИТЕЛ ЕКСКЛУЗИВНО: Катица Јанева излегува од притвор

Доцна попладнево околу 17.20 часот Катица Јанева излезе од КПУ Затвор - Скопје и со полициско комбе се упати кон станот на својот син во центарот на Скопје каде ќе остане во куќен притвор.

Скопскиот Апелациски суд попладнево донесе одлука со која ја уважи жалбата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и и одреди мерка куќен притвор.

– Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост, велат од Апелацискиот суд.

Лекарската документација, додаваат од Апелација, укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.

Јанева беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.