Македонија
5. December 2021 - 16:16

Скендер Реџепи дава оставка од координатор на Алијанса и на Алтернатива

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд информира на социјалните мрежи дека утре се повлекува од улогата координатор на пратеничката група Алијанса на Албанците-Алтернатива.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучивме на извршната власт и на парламентарното мнозинство, утре официјално ќе го известам претседателот на Собранието на Македонија за оставка од координатор на пратеничката група на Алтеранатива и Алијанса за Албанците, се вели во објавата на Реџепи.

Тој потенцира дека неговите понатамошни дејствувања како пратеник на Алтернатива ќе бидат утврдени согласно новиот договор за парламентарно мнозинство.

-Почит до сите пратеници од коалицијата и благодарен сум на вас за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи, истакнува Реџепи.