Скок на бројот на заразени во Словенија, експертите велат дека почнува вториот бран
Во Словенија во последните 24 часа биле направени 2.616 тестови за коронавирус, при што потврдени се 136 нови инфекции и еден смртен случај, објави словенечката влада.
Ова е нагло зголемување на дневниот број на новозаразени во споредба со претходниот ден, кога имаше 88 случаи на 2.335 тестирани, односно втора највисока бројка по рекордот од 137 нови инфекции, колку што беа забележани минатиот четврток.
Коментирајќи го развојот на епидемијата, Бојана Беовиќ, главен инфектолог во владината експертска група за Ковид-19, за медиумите изјавила дека ова е почеток на вториот бран на епидемијата во Словенија, кој дошол побрзо од очекуваното, бидејќи се сметаше дека ќе следи дури во ноември или декември.
Според неа, станува збор за локални преноси што се последица од поголемата зачестеност на луѓе кои се дружат во затворени простории.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани