Македонија
13. September 2018 - 14:48

Скопјанец доживеа хорор среде ноќ - непознато лице пукало кон неговата куќа

Скопјанец доживеал хорор среде ноќ, непознато лице пукало кон неговата куќа. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 13.12 часот во Единицата за информации и команда Скопје, З.Џ.(40) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02.20 часот непознато лице пукало кон неговата куќа на улица „Мара Маждуречка“, при што била оштетена фасадата. Извршен е увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.