Македонија
11. April 2020 - 13:27

Скопјанец фатен со украдени предмети за време на полицискиот час

Вчера во 16.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Пролет“, за време на воведената мерка за ограничено движење, го лишиле од слобода В.А.(37) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.