Македонија
25. December 2020 - 17:46

Скопјанец пријавил дека непознати лица пукале кон неговата куќа

Вчера во 21.01 часот во СВР Скопје, Ф.А.(25) од Скопје, пријавил дека непознати лица пукале во правец на неговата куќа.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, при што констатирани се оштетувања на куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.