Скопјанец тешко повреден откако со автомобил удрил во ограда
Педесетгодишен маж е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во 18:10 часот на делницата од автопатот А1 Скопје-Велес, на исклучокот од автопатот кај Башино Село. Во сообраќајката патничко моторно возило со скопски регистарски таблици управувано од возачот Е.Ј. на возраст од 50 години, излегол со возилото надвор од коловозот и удрил во метална заштитна еластична ограда и метална канделабра за осветлување.
Како што информира од СВР Велес Димитар Каракулев, возачот се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Велес.
Портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Весна Неделковска Николова за МИА информира дека возачот, 50-годишен скопјанец се здобил со повреди на глава и скршеница – фрактура на десна потколеница. По прегледите, повреднеиот бил препратен на понатамошно лекување во Клиничкиот центар – Скопје.
Увид на местото на несреќата, по овластување на Јавен обвинител, извршен е од страна на увидна екипа од СВР Велес.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња