Македонија
12. November 2021 - 16:16

Скопјанка пронајдена мртва во својот стан

Скопјанка пронајдена мртва во сопствениот стан во Скопје.

- На 11.11.2021 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот стан на ул. „Никола Малешевски“ во Скопје била пронајдена почината В.Б.(75) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Бит Пазар, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.