Македонија
23. November 2017 - 13:53

Скопје станува опасно место за прошетки, нападнати и ограбени додека пешачеле во вечерните часови

Вчера година во 04,30 часот вработен во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ пријавил дека за укажување лeкарска помош бил донесен Б.Б.(25), кој на улица „Кемал Сејфула“ бил физички нападнат од страна на две непознати лица, при што одземени му се пари и мобилен телефон.
 
Синоќа во 20,30 часот А.М.(20) од Скопје пријавил дека околу 18,00 часот додека се движел од булевар „Партизански Одреди“ кон улица „Каирска“, од страна на две непознати лица му е извршено разбојништво. Имено, сторителите со закана со нож, му побарале пари, а од кога им одговорил дека нема, му го одзеле часовникот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 15.000 денари и го напуштиле местото на настанот.
 
Вчера вечер скопјанецот З.С.(44) пријавил дека претходниот ден  околу 20,30 часот на ул “Лука Геров“ од страна на неколку непознати лица било извршено разбојништво над неговата 17 годишна ќерка. Имено додека малолетничката се движела кон автобуската постојка била престретната од лицата при што едно од нив извадило нож и со закана и го одзел мобилен телефон по што го напуштиле местото на настанот. Се превзамаат мерки за целосно расчистување на случајот.