Слаби врнежи од снег на Ѓавато, магла на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на планинскиот премин Ѓавато, но без пречки во одвивањето на сообраќајот. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 70 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11.2020 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“